28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА4 знаци дека сте премногу паметни за вашaта работа

4 знаци дека сте премногу паметни за вашaта работа

rabota pametni29

Aко ви е досадно во канцеларија, соработниците не ве инспирираат, а работата не ви нуди предизвици, веројатно сте препаметни за својата работа. Иако на прва тоа не звучи така лошо, да се биде преквалификуван на работното место тоа носи големи фрустрации, затоа што вашите вистински вредности неможат да дојдат до израз.

Претседателката и основач на „Human Workplace“, Лиз Рајан неодамна објави на „LinkedIn“ дека се посветила на оваа тема и прикажа четири факти кои треба да ви кажат дека на старото работно место е време да му кажете довидување и да се подготвите за нови бизнис предизвици:

1. Досадно ви е.

Секојдневната досада е најголем индикатор дека сте препаметни за својата работа. Ако проектите не ве инспирираат, а пиењето на кафе ве држи единствено будни, тогаш сте на погрешно место.

2. Не споделувате идеи.

Идеалното работно место би требало да ви нуди можност за размена на мислења и креација на идеи. Ако околината околу вас нема разбирање на вашите идеи, а вие немате желба да ги претставите, побарајте место каде тоа ќе го реализирате.

3. Вашите соработници тапкаат во место.

Aко соработниците не ве следат во развојот на вашите идеи, тоа би можело да биде знак дека немаат желба да го прошират својот хоризонт на работење, а тоа никако не е пат кон напредок. Потребни ви се „играчи“ на ваше (или повисоко) ниво.

4. Раководител без визија.

Доколку работите за некој кој нема визија, тешко дека ќе ги развиете вашите идеи и ќе ги спроведете на дело. Токму шефот е лицето кое би требало да ве учи, а ако тој нема план, неможе многу да ви понуди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП