18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрајковски: Законските измени за ДДВ обврзниците по барање на малите фирми

Трајковски: Законските измени за ДДВ обврзниците по барање на малите фирми

goran-trajkovski-1132

Ноторна лага се информациите што деновиве ги пласираат некои медиуми дека законските измени кои предвидуваат намалување на прагот од два на еден милион евра за ДДВ обврзниците ќе бидат смртна казна за малите бизниси, рече денеска директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски.

Според него, нонсенс се и тезите дека оваа мерка се воведува за да се полни буџетот.

„Ова е барање на малите бизниси. Доколку тие не се ДДВ обврзници, не можат да бидат конкурентни и атрактивни на пазарот, ниту препознатливи за големите компании“, напомена Трајковски на прес-конференција.

Тој тврди дека малите ДДВ обврзници создаваат негативен ДДВ ефект на буџетската сметка. Во Македонија моментно се регистрирани 34.000 ДДВ обврзници. Согласно тековните анализи по повод предложените законски измени, 10.305 субјекти исполнуваат услови да станат ДДВ обврзници со планираниот праг од еден милион евра годишен промет. Сепак, како што истакна директорот Трајковски, точната бројка ќе се знае во јануари идната година до кога ќе се процени и буџетскиот ефект од измените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП