2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Siemens помала од што се очекуваше

Добивката на Siemens помала од што се очекуваше

siemens

„Siemens“ денеска објави за помал раст на добивката во вториот квартал, отколку што очекуваа аналитичарите, при што особено ги истакнаа предизвиците со кои е соочен нивниот енергетски сектор.

Во трите месеци до јуни, оперативната добивка на „Siemens“ во неговите четири главни бизниси – индустрија, енергија, здравство и инфраструктура, порасна за 37 проценти или на 1.74 милијарди евра, додека аналитичарите очекуваа околу 1.83 милијарди евра.

Нивната добивка во енергетското работење се намали за 6 проценти по еднократните трошоци, а особено оние поврзани со одложувањето за поврзување на ветерниците на море со копнените енергетски мрежи.

Таквите вести преставуваат проблем за извршниот директор, Џо Кејсер, кој на водечкото место во „Siemens“ е поставен пред една година со цел да ја подобри профитабилноста, затоа што „Siemens“ губи дел на пазарот поради зголемената конкуренција на ривалите, како што се швајцарски „ABB“ и американски „General Electric“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП