3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВитаминка е пример за добар работодавец

Витаминка е пример за добар работодавец

vita

Витаминка е пример за добар работодавец е заклучокот од состанокот на раководството на Витаминка и Сојузот на Синдикатите на Македонија.

„Во Витаминка работат точно 576 лица, секој од нив е подеднакво важен за нас како компанија а и неговиот индивидуален придонес во секојдневната оперативност на компанија. Токму заради тоа ни е исклучително важно секој од нив да биде задоволен и среќен на работното место каде што поминуваме една третина од денот. Сепак Витаминка е компанија со голема традиција и почитување на односите со вработените“, изјави Сашо Наумоски, генерален менаџер на Витаминка.

Vitaminka

Оваа консултативна средба е одговор на заложбите на Витаминка за унапредување на релациите со вработените како и исполнување на сите обврски и барања на кон своите вработени.

„Витаминка е компанијата што е предводник од приватниот сектор во доследно следење и исполнување на своите обврски кон вработените. Но големината на субјектот како и комплексноста на функционирањето на компанијата наметнуваат и некои други дополнителни услови и препораки кои се на релација раководство – вработени, но исто така и меѓу самите вработени. Затоа овие консултативни средби се со двоен бенефит, затоа што разменуваме мислења значајни и за нас како организација на вработените и не упатуваат во правилно менаџирање на нивните барања“, изјавија од Синдикатот

Витаминка беше една од првите компании којашто на своите вработени им го исплати регресот за годишен одмор, К15.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП