28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 1,6 милиони нови вработувања на Филипините

Над 1,6 милиони нови вработувања на Филипините

filipini-ostrvo-boracay

Бројот на вработени Филипинци пораснал од 37 милиони во април минатата на 38,66 милиони вработени во април годинава.

Тоа процентуално е најголем годишен пораст на бројот на вработените на Филипините, но како што денеска во
Манила најави министерката за труд Розалинда Балдоз, оваа и наредната година треба да се очекуваат поголеми бројки.

Во филипинската економија, за која азиските финансиски експерти најавија дека во 2017 година ќе стане „азиско економско чудо’’ најмногу нови вработувања има во услужниот сектор.

Тамо вработување добиле 920 илјади луѓе, а во индустријата имало 374.000 нови вработувања. Растечкиот земјоделски сектор за една година, до април 2014 има 352 илјади нови работници.

Пред неколку дена филипинската официјална статистика соопшти дека Филипините сега имаат 100 милиони жители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП