5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрендирање на езерскиот туризам во Македонија

Брендирање на езерскиот туризам во Македонија

azazas

Mакедонскиот креативен бренд МУНУС иницираше брендирање на езерскиот туризам во Македонија со специјализирани ексклузивни подароци и сувенири, под слоганот „All you need is love and the lake“.

Изработени се уникатни производи наменети за одмор покрај езеро, како крпи за плажа, летни фустани, перничиња од органски памук, тефтери со различни дизајни, подметки за чаши со мотиви од Македонија и цитати од Петре М. Андреевски…

,,Главна цел е на оригинален и модерен начин да се промовираат езерските бисери на Македонија и секој посетител на Охрид или Дојран да си замине не само со убави спомени, туку и со интересен сувенир”, соопшти МУНУС.

Дојран е прва општина во Македонија која веќе го промовираше езерскиот туризам со специјално изработени подароци, кои се дел од летната линија на МУНУС, со слоганот „„All you need is love and Dojran“.

Нивните производи може да се најдат во специјализиранaрта летна продавница на плажата Голден бич во Охрид и во продажните места на „Матица“, „Икона“ и „Мамут“ во Скопје.

Компанијата најави наскоро отворање специјализирана продавница во Скопје, како и изработка на веб-страница за онлајн-продажба на нивните производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП