2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАтлантик група во првото полугодие од 2014 година оствари раст на приходите...

Атлантик група во првото полугодие од 2014 година оствари раст на приходите и профитабилноста

atlantik

Почетокот на изградбата на нова фабрика и проширување на дистрибутивното портфолио ја обележаа првата половина од 2014 година

Во првата половина од 2014 година, Атлантик Група оствари 327,2 милиони евра приходи од продажба што претставува раст од 2,1% во однос на истиот период минатата година.Page ContentДобивката пред камати и даноци (EBIT) изнесува 30,8 милиони евра и е повисока за 5,4% во однос на првото полугодие во 2013 година, додека нето добивката по исплатата на малцинските акционери изнесува 17,5 милиони евра и претставува раст од 14,8 проценти.

„И покрај отежнатите околности во деловното опкружување како резултат на неповолните макроекономски движења во регионот и пошироко како и неповолните пазарни движења поголемиот број на производни категории, Атлантик Група во првото полугодие од 2014 година оствари раст на приходите и профитабилноста. Притоа посебен акцент се даде на ширењето на производното и дистрибутивното портфолио, капиталните инвестиции во новиот производен погон за енергетски барови како и системот за управување со ризици. Во понатамошниот период и понатаму ќе се фокусираме на развој во работењето, управување со ризици, одржување на ликвидноста и управување со финансиски обврски.”, истакна Зоран Станковиќ, потпретседател на Управата на Атлантик Група за финансии.

Првата половина од 2014 година највеќе ја обележа успешниот почеток на дистрибуција на асортиманот на Unilever (Knorr, Hellman’s, Axe, Rexona, Brut, Signal, Coccolino, Domestos, Cif и многу други) на пазарот во Хрватска и Словенија како и изградбата на нова фабрика за енергетски барови Multipower од асортиманот на спортска и активна исхрана во индустрискиот парк Нова Градишка, која започна во април 2014 година. Изградбата оди по планот и во тек е монтажа на кровни и ѕидни панели и поставување на инфраструктурата за новата производна локација. Првите производи од новата линија се очекуваат да излезат на пазарот во првиот квартал од 2015 година. Станува збор за проект во вкупна вредност од 16 милиони евра кој во првата година од работењето ќе отвори 50, а со планираниот раст на работењето вкупно 160 нови работни места.

За вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група во првото полугодие од 2014 година, највеќе придонесоа: Стратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 5,8 проценти, Стратешката бизнис област Меѓународни пазари со раст од 3,4 проценти и почетокот на дистрибуција на принципалот Unilever во Стратешката дистрибутивна област Хрватска и Дистрибутивната област Словенија. Кафето има удел од 19,4 проценти во вкупните приходи од продажба и се истакнува како најголема поединечна категорија со приходи од продажба од 63,6 милиони евра.

Гледано по пазари, наголем раст е остварен на пазарот во Словенија (раст од 21,5 проценти) што претставува 15,3 проценти од вкупните приходи од продажбата. Хрватскиот пазар е најголем во вкупниот приход од продажбата со 25,3 проценти и оствари раст од 8,2 проценти. Пазарот во Русија и останатите земји од ЗНД остварија раст од 2,0 проценти и со тоа учествуваат со 5,6 проценти од вкупните приходи на продажба во Групата. Сопствените стокови марки на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 68,2 проценти, дистрибуцијата на принципали со 17,6 проценти, ланецот Фармација со 6,3 проценти додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни стокови марки за големите бизнис системи во земјата и странство во вкупните приходи од продажба учествуваат со 7,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП