28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Растот на индустриското производство добар показател за развој на економијата

Груевски: Растот на индустриското производство добар показател за развој на економијата

gruevski

Државниот завод за статистика денеска објави дека индустриското производство во јуни 2014 година, во однос на јуни лани е поголемо за 4,9 отсто, што е одличен раст и е добар показател за развој на економијата.

Ова го изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од капиталниот проект „130 тома македонска книжевност“.

Индустриското производство во првото полугодие од оваа година, како што рече премиерот, во однос на истиот период лани е поголемо за 4,5 отсто.

„Растот на индустриското производство е одличен тренд. Пред некое време ги видовме и другите податоци што излегоа како што се за прометот во индустријата, за бруто домашниот производ и за извозот и многу други параметри“, рече Груевски и додаде дека се наоѓаме во време кога економијата, особено индустријата има одличен развоен тренд.

Работиме на тоа, истакна премиерот, тој тренд да трае подолго, повеќе да опстојува и да расте.

„Секако тоа не зависи од нас, туку и од опкружувањето, а најмногу од земјите во кои извезуваме и со кои соработуваме. Со надеж дека и европската економија ќе продолжи со опоравување веруваме дека и овој тренд ќе биде што подолг, што секако ќе се одрази на нашата крајна цел, а тоа е отворање на нови работни места во Република Македонија“, нагласи премиерот Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП