8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпрепознатливиот модел зад кој многумина се вртат

Најпрепознатливиот модел зад кој многумина се вртат

porshe1

Еден од најдолговечните и најпрепознатливите модели во историјата на автомобилската индустрија, Порше 911, прославува половина век од своето постоење.

Најголема заслуга за појавата на овој прочуен спортски автомобил му припаѓа на човекот со име Фердинанд Александар Порше.

Ф.А.Порше кој е внук на основачот на компанијата, го превзема раководството на дизајнерскиот тим на Порше во 1962, а една година подоцна беше претставен моделот 911. Овој модел на Порше премиерно беше претставен на франкфуртското авто-шоу во септември 1963 година.

porshe2

Од тогаш, па се до денес, продадени се вкупно 820.000 примероци на магичниот автомобил 911.

И покрај многуте промени и усовршувања, основниот дизајнерски и механички концепт, со моторот кој е сместен позади и погон на задните тркала, до денес остана ист.

Кога ќе ставите два модела еден до друг, едниот од 1963 година и актуелната верзија, континуитетот е очигледен.

porshe5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП