21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТвитер се дуплираше, акциите „полетаа“

Твитер се дуплираше, акциите „полетаа“

twitter-money222

Вредноста на акциите на Твитер одеднаш скокнаа нагоре и тоа за 30 отсто, поради тоа што компанијата соопшти дека приходот во вториот квартал е зголемен за повеќе од двојно.

Како што објави компанијата од Сан Франциско, нејзините акции сега вредат 50.01 долар, а претходно во истиот ден чинеа 38.59 долари.

Во вториот квартал се предвидуваше приход од 332.7 милиони долари, но Твитер сега очекува дека тој ќе оди и до 340 милиони долари. На годишно ниво се очекуваше приход од 1.27 милијарди долари, а сега се смета дека ќе биде близу 1.31 и 1.33 милијарди долари.

И бројот на корисници на Твитер исто така забележа раст, па барем сега се ублажени сомнежите дека овој сервис не е привлечен на поширок круг на луѓе.

Имено, во јуни овој сервис имаше 271 милиони корисници месечно, што се за 24 проценти повеќе отколку во јуни 2013-та година и пораст од шест отсто во однос на крајот на март. Се очекуваше дека бројот на корисници ќе биде 266 милиони, па и овој резултат е подобар од очекуваниот.

Твитер на берзата се појави во ноември минатата година и тоа по цена од 26 долари за акција. Во декември цената достигна максимални 74.73 долари, но потоа нагло опадна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП