29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците поради Русија губат 6 милијарди евра

Германците поради Русија губат 6 милијарди евра

berlin 383

Oбемот на извозот од Германија во Русија оваа година може да се намали за 17 отсто, што е приближно на шест милијарди евра.

Здружението на трговинско индустриски комори на Германија (DIHK) во своите проценки се потпира на извештаите на германските компании во Москва и Санкт Петерсбург.

Нивните претставници изразуваат сериозна загриженост поради тоа што многу руски партнери се блиску до прекинување на соработката.

Дел од тоа веќе се случило, рече шефот на „DIHK“, Фолкер Трејер. Според неговото мислење, германско-руските економски односи во овој момент се сериозно отежнати. Пред една недела Трејер рече дека поради воведувањето на санкции против Русија ќе страда една четвртина од германските извозници.

Посебни проблеми околу натамошната соработка ќе има машинскиот сектор. Веќе две третини од производителите од овој сектор ги почувствува негативните последици од украинската криза. Во поголема мера тоа влијаеше на компаниите на истокот на земјата, затоа што тие традиционално се тесно поврзани со Русија и Украина. Во целина во првиот квартал од оваа година извозот на германска опрема во Русија е намален за 17.2 проценти.

Сојузното здружение на средни претпријатија предупреди дека поради конфликтот во Украина загубиле 25.000 работни места во Германија. Шефот на ова здружение, Марио Охофен, изјави дека во Германија околу 300.000 луѓе се поврзани со рускиот бизнис.

Според неговите зборови, трговските санкции од Западот ќе доведе до рецесија во Русија, а тоа може да ја чини Германија половина поен од економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП