18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндиски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во туристичко развојната зона во Стар Дојран

Индиски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во туристичко развојната зона во Стар Дојран

star dojran2

Индиски бизнисмени се заинтересирани за инвестирање во туристичко развојната зона во Стар Дојран, откако го посетија малото туристичко место како потенцијална локација за изградба на хотели.

Од општината велат дека сега се чекаат студиите и анализите од инвеститорите чие што евентуално вложување во Дојран значително ќе ја збогати туристичката понуда и ќе овозможи поголем опфат на гости.

„Погледнавме заедно неколку локации. Гостите се заинтересирани за туристичко развојната зона и голф теренот што го имаме како предлог локација. Тие за скоро време ќе изготват студија која ќе покаже дали ќе инвестираат во Дојран“, рече градоначалникот Борче Стамов.

Стамов потенцира дека општината е во контакт и со домашни инвеститори кои сакаат својот капитал да го вложат во хотели и други капацитети во туристичката зона и оти на есен ќе има конкретни проекти и почеток на градежни активности.

Хотелите во Дојран веќе се полни претежно со странски гости поради што туристичките работници посочуваат дека потребни се нови сместувачки капацитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП