26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватскиот надворешен долг достигна 108 отсто од БДП

Хрватскиот надворешен долг достигна 108 отсто од БДП

croatian-flag

На крајот на првото трмесечје од оваа година бруто надворешниот долг на Хрватска достигна до 46,6 милијарди евра или 108,1 отсто од бруто домашниот производ, највисоко ниво досега, што е последица од растот на обврските, но и падот на бруто домашниот производ.

Во март, бруто надворешниот долг достигна до 46,4 милијарди евра, што е за 3,3 проценти повисок од истиот месец минатата година.

Со оглед на тоа дека во тој период имаше пад на економијата, делот на бруто надворешниот долг во бруто домашниот производ достигна рекорд од 108,1 отсто.

Растот на обврските кон странските доверители во износ од 800 милиони евра, или 1,7 отсто, во текот на првото тромесечје најмногу се должи на приватните нефинансиски корпорации, чиј долг на крајот на март изнесуваше 11,5 милијарди евра.

И покрај растечкиот долг на кредитните институции во првото тромесечје на речиси 9 милијарди евра, што е раст од 244 милиони евра или 2,8 проценти на квартално ниво, на годишно ниво нивните обврски се намалени за 194 милиони евра или 2,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП