26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајголемите хотелски апартмани во светот (фото)

Најголемите хотелски апартмани во светот (фото)

apart naslovna

Што му треба на човек во една хотелска соба? Удобен кревет и чиста бања. Богатите луѓе, навикнати на луксуз, сепак, не се задоволуваат само со тоа. За да привлечат ВИП клиенти хотелите во светот градат не соби, а туку цели палати…

Хотелските апартмани во луксузните хотели често се со големина на живеалиште за 4-члено семејство. Во нив има библиотеки, соби за масажи и што ли уште не.

Видете кои се најголемите хотелски апартмани денес:

Кралскиот апартман во „Hotel Carl Gustaf“, Сент Бартс, Карибите.

apart 1

Големината на апартманот е 241 квадратни метри, што е ужасно скромно во споредба со останатите во овој ранг. Достапни се тераса на покривот со сопствен базен и џакузи, 4 спални.

Цената на ноќевање започнува од 25.763 долари.

Претседателски апартман во „St. Regis Singapore“.

apart 2

Големината на апартманот е 334 квадратни метри. Гостите имаат на располагање личен готвач, дневна, трпезарија, кабинет, фитнес, како и автомобил (по избор – „Maybach“ или „Bentley“). Во бањата има џакузи и 42-инчен телевизор.

„Palace suite“ во „Emirates Palace Hotel“, Абу Даби.

apart 3

Големината на апартманот е 680 квадратни метри. Постојат три спални, бањи од мермер. Се нуди и златен лаптоп. Имате батлер на располагање 24 часа на ден. Во секоја спална соба има 61-инчен плазма телевизор.

Претседателскиот апартман во „Tivoli Sao Paulo Moffarej“, Сао Паоло, Бразил.

apart 4

Големината на апартманот е 750 квадратни метри. Овој апартман има место за слетување на хеликоптер, 360-степен поглед на Сао Паоло.

Цената за ноќевање започнува од 16.000 долари на вечер.

Апартманот „Hilltop Estate“ во „Laucala Resort“, Фиџи.

apart 5

Големината на апартманот е 1021 квадратни метри. Комплетен луксуз и изолација од остатокот на хотелот се нудат тука. Гостите имаат на располагање батлер и готвач.

Цената за ноќевање започнува од 5.241 долари на вечер.

„Grand Hotel Kempinski“, Женева.

apart 6

Ова е еден од најголемите апартмани во Европа. Неговата површина е 1180 квадратни метри. Тој е на два спрата, има две дневни, три спални, кујна, бар, парна бања и 4 купатила. Има место и за фитнес, маса за билијард и соба за остава.

Цената за ноќевање чини 41.500 длара на вечер.

„Maharajah’s Pavilion“ во „Raj Palace“, Удајпур, Индија.

apart 7

Овој апартман има импресивна површина од речиси 1.500 квадратни метри. Располага со базен на покривот, бар, библиотека и дури приватна галерија со дела на локални уметници.

Ноќевањата започнува од 15.700 долари.

Кралскиот апартман во „Hotel President Wilson“, Женева.

apart 8

Во овој апартман има 12 спални и 12 бањи, фитнес, лифт. Во дневната соба има ројал „Steinway“. Само терасата е со површина 1670 квадратни метри!

Ноќевање чини 68.000 долари.

Кралскиот апартман во „St. Regis Saadiyat Island Resort“, Абу Даби.

apart 9

Големината е 2100 квадратни метри. Тоа е најголемиот хотелски апартман во ОАЕ. Има сопствено кино, спа центар, сауна и отворен базен. Ги зазема последните два ката на луксузниот хотел.

Ноќевање започнува од 36.600 долари.

Кралскиот апартман во „Grand Hills Hotel and Spa“, Бејрут, Либан.

apart 10

Ова е најголемиот хотелски апартман според рекорди. Големината е 4134 квадратни метри и зазема 6 ката! Во него има два базени, има и прекрасен поглед кон плажа.

Цената за ноќевање чини 48.400 долари.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП