Најголемиот светски металуршки концерн „Арцелор-Митал“ до јуни ги одложи сите свои претходно најавени затворања на компании и отпуштања на работници, соопшти денеска Европската комисија.
„Арцелор-Митал“ ги одлага реструктуирањето на концернот и масовните откази за вработените

Сите програми за реструкуирање на концернот ќе бидат замрзнати до јуни, додека ЕК не го направи планот за помош на европската индустрија за челик, договорено е на состанокот на еврокомесарот за индустрија Антонио Тајани и основачот на компанијата Лакшми Митал.
„Арцелор-Митал“ е основана во 2006 година со спојување на луксембуршката и индиската компанија за челик. Во моментов групата има голем удел на светскиот пазар на челик и во нејзина сопственост се редица компании во многу земји од светот.
Негативните финансиски резултати во последните години го принудија концернот да го намали обемот на производство и бројот на работници, пренесоа агенциите.

