20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија го возобнови планот за приватизација на 15 државни компании

Словенија го возобнови планот за приватизација на 15 државни компании

Ljubljana

Словенија објави дека го продолжува процесот за приватизација на 15 државни претпријатија, пред новата влада на земјата да стапи на должност, откако постапката беше времено прекината поради парламентарните избори во земјата.

Претходната левоцентристичка Влада на премиерката Аленка Братушек ја прекина програмата за приватизација со цел да и овозможи на новата Влада да го преиспита процесот.

Продажбата на државните компании е клучен дел од планот за стабилизирање на словенечките државни финансии и економијата на земјата, откако Владата минатата година потроши три милијарди евра за спас на банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП