
„Епл“ официјално потврди дека неодамна во тајност ја презел компанијата „БукЛамп“.


„Епл“ официјално потврди дека неодамна во тајност ја презел компанијата „БукЛамп“.
Стартап компанијата од американската сојузна држава Ајдахо разви софтвер што може да ги сортира книгите и на читателите дава препораки врз основа на стилот на кои се пишувани.
„Епл“ планира со помош на „БукЛамп“ алгоритмот да го унапреди пребарувањето, категоризирањето и препораките на својата АјБукс апликација.
Сите десет вработени од компанијата се дел од „Епл“, а Бук Џеном Прожект, најголемиот проект на кој работела компанијата „БукЛамп“ за категоризирање и до 100.000 книги неделно е изгаснат.
„Епл“ не ја објави вредноста на новата компанија, но според аналитичарите преземањето чини меѓу 10 и 15 милиони долари.