18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајниска вредност на српскиот динар во однос на еврото

Најниска вредност на српскиот динар во однос на еврото

evro dinar

Вредноста на српскиот динар падна на досега најниско ниво во однос на еврото, при што една европска валута викендов се менува за 116,74 српски.

Според српските медиуми, причина за падот на вредноста на динарот се лошата состојба во која се наоѓат јавните финансии на Србија, но и кризата во Украина.

Гувернерот на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ смета дека падот вредноста на динарот не треба да предузвика стравување дека тоа може да доведе до инфлаторен бран или до негативни последици врз животниот стандард на граѓаните.

„Сегашното колебање на динарот е последица на зголемента несигурност, која на внатрешен план е поврзана со започнатото финансиско заздравување на Србија, а на меѓунардоен план со геополитичките случувања околу Украина“, изјави Табаковиќ за весникот „Курир“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП