3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд централната банка на Албнија украдени шест милиони долари

Од централната банка на Албнија украдени шест милиони долари

Bank_of_Albania

Двајца вработени во централната Банка на Албанија се обвинети дека во последните четири години од банкарскиот трезор украле околу шест милиони долари.

Обвинетите маж и жена работеле во секторот на Банката задолжен за чување на паричните средства повлечени од оптек.

Мажот, кој веќе 21 година работел во Банката на Албанија, по приведувањето изјавил дека на местото на украдените пари од трезорот ставал исчена хартија, тврдејќи дека дневно изнесувал и по 4.000 долари во албански леки.

Тој рекол дека сите украдени пари ги поторшил во казино, но полицијата се сомнева во ваквото тврдење.

За разлика од него, приведената жена ги отфрла обвинувањата за вмешаност во грабежот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП