2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈанакиески: Не се планира продажба на МЖ Транспорт

Јанакиески: Не се планира продажба на МЖ Транспорт

janakieski

Владата моментно не размислува, ниту има план за продажба на Македонски железници Транспорт а.д, изјави денес министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања, по пуштањето во употреба на новоизградената препумпна станица во месноста Потстаница во Драчево.

Амбасадорот на Словачка во Скопје Роберт Кирнаг, завчера во интервју за „Бизнис плус“ рече дека неколку словачки фирми се заинтересирани за влез во „Македонски железници –  Транспорт“, но дека нивната реализација е блокирана поради одложувањето на либерализацијата на железничкиот сектор во Македонија до нејзиниот влез во ЕУ.

Македонската Влада донесе одлука за одложување на либерализацијата во железничкиот сектор во март лани, со која до зачленувањето на Македонија во ЕУ, не е дозволен влез на нов железнички оператор. Според оценките што беа изнесени тогаш, влезот на нов оператор би довел само до негативни промени и до отпуштање стотици вработени од а.д. МЖ Транспорт Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП