19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ќе загуби над две милијарди долари поради кризата во Ирак

Турција ќе загуби над две милијарди долари поради кризата во Ирак

turcija pazar

Хаосот во Ирак ќе ја чини Турција меѓу две и 2,5 милијарди долари трговски загуби во текот на оваа година, но на долгорочен план ефектот од овие загуби би бил нензачителен, освен ако состојбата не се влоши драматично, оценуваат турските економски експерти.

Ирак е вториот по обем пазар за извоз на турски стоки и оваа година пласманот на производи од Турција во оваа земја само во текот на јуни се намалил за 19,3 проценти на 745 милиони долари.

„Ако конфликтот не прерасне во вистинска војна, целокупната штета ќе биде ограничена на околу две милијарди долари, која лесно може да се покрие имајќи предвид дека вкупниот турски извоз изнесува 166 милијарди долари“, вели економистот Муамер Ќомурџоглу.

Според прогнзите на експертите од турското Министерство за економија, трговските загуби на Турција поради конфликтот во Ирак годинава ќе изнесуваат околу 2,5 милијарди долари.

Министерството предвидува турскиот извоз годинава да порасне на 166.5 милијадри долари, што би претставувало заголемување за 10 отсто во однос на лани, кога беа остварени 151,8 милијарди долари од извоз и Туција имаше трговски дефицит од речиси 100 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП