28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо мај во вкупното производство на струја 1,4 проценти од ветерници

Во мај во вкупното производство на струја 1,4 проценти од ветерници

veternici222

Во април годинава во Република Македонија првпат е регистрирано производство на електрична енергија од ветерни електрични централи, коешто во мај учествува со 1,4 проценти во вкупното бруто-домашно производство на електрична енергија, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во мај годинава во Македонија е евидентирана вкупна потрошувачка од 639.152 мегават часови eлектрична енергија, 3.400 милиони нормални метри кубни природен гас, 643.654 тони јаглен и 72.709 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72 проценти во бруто- домашната потрошувачка на електрична енергија, а 96,4 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП