20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТројката меѓународни кредитори ја завршија својата последна ревизија во Кипар

Тројката меѓународни кредитори ја завршија својата последна ревизија во Кипар

kipar pret

Меѓународните кредитори денеска ја завршија својата петта ревизија на кипарската економија и соопштија дека земјата постигнала „добар напредок“ по минатогодишниот спасувачки план, иако пред неа се уште остануваат некои клучни предизвици.

Претставниците на кредиторите (Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка) соопштија дека финансиските резултати на Кипар се во согласност со планот и дека банкарскиот сектор почнал да се стабилизира.

Но, кредиторите посебно внимание посветуваат на тоа што за 50 отсто се зголемиле лошите кредити од внатрешните банкарски заеми и дека овој проблем треба да биде решен.

„Клучниот предизвик е решавање на прашањето со лошите кредити“, изјави висок претставник на Европската унија.

„Во моментов лошите кредити надминуваат 50 проценти од внатрешните кредити. Наполно јасно е дека е тоа проблемот што треба да се реши“, изјави анонимниот извор од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП