19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јуни поповолна состојба во преработувачката индустрија

Во јуни поповолна состојба во преработувачката индустрија

industrisko proizvodstvo

Економската состојба во преработувачката индустрија во јуни во однос на мај годинава е поповолна, а понеповолна споредено со јуни лани, оценуваат раководителите на фирмите од преработувачката индустрија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни во однос на мај оценката на раководителите за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна. Оценката за обемот на производството во јуни годинава е на исто ниво како и во мај годинава, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а за бројот на вработени се исти како и во мај.

Во јуни годинава залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јуни споредено со мај годинава се зголемени. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни годинава изнесува 61,2 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јуни имале недоволната странска побарувачка со 25,8 проценти, недоволната домашна побарувачка со 18,8 проценти, неизвесното економско опкружување со 7,8 проценти и финансиските проблеми со 7,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП