26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада воведува санкции за бројни руски компании

Канада воведува санкции за бројни руски компании

kanada rusija

Канада денеска соопшти дека ќе воведе санкции кон многубројни руски компании и банки со цел да ја казни Москва поради, како што е наведено, илегалната окупација на Крим и „провокативните воени активности“ во источна Украина.

Меѓу тие компании се „Novatek OAO“, вториот по големина руски производител на природен гас, како и „Gazprombank“, третата најголема руска банка.

Санкциите се однесуваат и на државната развојна банка „Vnesheconombank“ и производителот на оружје „Kalashnikov“.

САД минатата недела воведе санкции кон двете банки кои и Канада ги вметна меѓу санкционираните.

Канадскиот премиер Стивен Харпер изјави дека Канада сака дополнително да го зголеми економскиот и политичкиот притисок на руската влада која ја води претседателот Владимир Путин поради поддршката на проруските сили во источна Украина.

„Подготвените сме и на натамошни акции, ако продолжи оваа агресија на режимот на Путин“, вели Харпер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП