25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен ден за придобивките од обновливи извори на енергија во Охрид

Отворен ден за придобивките од обновливи извори на енергија во Охрид

solar3333

Граѓаните од Охрид денеска ќе имаат можност да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку бесплатни инженерски совети и промотивни материјали.

Овој отворен ден е трет од низата кои се одвиваат во текот на месецов во рамки на ИРЕКO проектот. Првиот отворен ден за запознавање на граѓаните со придобивките од обновливите извори на енергија се одржа во Струга, а вториот во Дебар.

Настаните се дел од втората активност на проектот со цел промоција на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори во Југозападниот плански регион на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.

Водечки партнер на проектот е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ“ во партнерство со „Центарот за развој на југозападниот плански регион“ од Република

Македонија и „Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП