25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLG со подобри резултати од очекуваните

LG со подобри резултати од очекуваните

lg rez22

„LG“ во својот најнов квартален извештај наведе дека во второто тромесечие во оваа година ги надминале очекувањата и заработиле дури 589 милиони американски долари.

За оваа компанија тоа е најдобар квартален резултат уште од 2011-та година. Иако станува збор за вториот најголем производител на телевизори во светот, за овој успех на „LG“ е заслужна нивната мобилна дивизија.

Со значителен пораст во побарувачката за телевизори, особено со „UHD“ резолуција, мобилните телефони се главната причина за овие добри резултати.

Продажбата на смартфони во „LG“ порасна за импресивни 20%, а во последните три месеци оваа компанија продала повеќе од 14.5 милиони примероци.

Аналитичарите очекуваат и натамошен раст на нивната продажба, особено поради излегувањето на пазарот на моделот „G3“ и добрите иницијални сигнали од пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП