24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН: Во светот има повеќе од 2 милијарди сиромашни

ОН: Во светот има повеќе од 2 милијарди сиромашни

siromastija i83

Нешто повеќе од 2.2 милијарди луѓе во светот се сиромашни или близу до границата на сиромаштија, а тој број би можел да се зголеми како резултат на глобалната финансиска криза и при природни катастрофи, предупреди ОН.

Во извештајот за 2014-та, објавен во Токио, Програмата на ОН за храна (UNFP) наведува и други извори за зголемување на сиромаштијата, првенствено цените на основните прехранбени производи, т.е. конфликтите и војните.

Иако глобално гледано сиромаштијата е во пад, „UNFP“ предупредува дека се поголема е нееднаквоста и јазот меѓу богатите и сиромашните.

„Особено треба да се заштитат оние кои се загрозени од природни катастрофи, климатски промени и финансиски удари и тоа мора да биде сржта на нашата агенда, па така да осигураме траен напредок“, стои во извештајот.

Според „UNFP“, „основна социјална заштита за најсиромашните во целиот свет би чинела помалку од 2 проценти од светскиот БДП“.

Во извештајот се проценува дека околу 1.5 милијарди луѓе од 91 земја во развој живеат во апсолутна сиромаштија, додека 800 милиони луѓе преживуваат на работ на сиромаштијата.

Во преамбула во извештајот, шефицата на „UNFP“ – Хелен Кларк, истакнува дека целиот свет би требало да придонесе во борбата против сиромаштијата, т.е. развојот да стане балансиран и траен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП