6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавното земјоделско земјиште над 10 хектари под концесија преку електронска лицитација

Државното земјоделско земјиште над 10 хектари под концесија преку електронска лицитација

drzavno zemjiste

Државното земјоделско земјиште над 10 хектари во иднина ќе се дава под концесија преку јавна електронска лицитација, предвидуваат најавените измени на Законот за земјоделско земјиште.

Со тоа, како што изјави денеска премиерот Никола Груевски, ќе се постигне повисока цена, а земјиштето ќе го добијат оние кои се подготвени да платат највисока концесија на државата.

„Остануваат оние што се под 10 хектари, а тоа е направено заради можноста на луѓето што живеат во селата да им се додели селскиот атар, бидејќи најчесто тие од тоа живеат“, изјави премиерот Груевски на денешниот официјален почеток на градежните активности.

Тој појасни дека се она што е над 10 хектари се смета за посериозен бизнис и затоа е проценето дека е потребно да има посериозна конкуренција и од тие причини се предвидува ова земјиште да биде понудено преку електронска јавна аукција.

„Со тоа ќе се постигнат вистински пазарни цени и веруваме дека ќе има и поголем приход во Буџетот на Република Македонија, како и поголема транспарентност при распределбата на државното земјоделско земјиште“, нагласи Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП