25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата поскапа поради падот на резервите

Цената на нафтата поскапа поради падот на резервите

nafta 93939

Цената на нафтата порасна, откако од САД објавија голем пад во резервите, што говори за силна побарувачка во земјата која е најголем потрошувач на сирова нафта.

Барел американска „лесна“ нафта (WTI) за испорака во септември поскапе на берзата во Њујорк за два центи или на 103,14 долари по барел, додека барел на северноморската нафта од типот „брент“ за септемвриска испорака на пазарот во Лондон чини 108,11 долари, односно седум центи повеќе на крајот на вчерашното работење.

Според соопштението на американската служба за енергетски информации, резервите на нафта во САД во неделата заклучно со 18-ти јули паднале за четири милиони барели, што е четврта поред недела на пад на резервите и далеку поголем пад од прогнозираните 2.5 милиони барели.

Овој извештај, исто така, покажува дека резервите во терминалот за складирање на нафтата во Кушинг ( во државата Оклахома), бележи намалување за 1.5 милиони барели.

Слабите резерви се обично показател на силната побарувачка и позитивна вест за цената на нафтата. Во САД моментално е летна сезона кога Американците традиционално трошат големи количини на бензин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП