27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова инвестиција на компанијата „Белина“ вo oпштина Илинден

Нова инвестиција на компанијата „Белина“ вo oпштина Илинден

belina fabrika

Новиот стопански објект, инвестиција на компанијата „Белина“ вредна 600 илјади евра, синоќа беше пуштен во употреба во економската зона Марино-Кадино. Објектот, во кој ќе бидат вработени 18 лица, располага со магацински и деловен простор на површина од 4.000 метри квадратни.

Објектот во употреба го пуштија градоначалникот Жика Стојановски и сопственикот на „Белина“ Љупче Николовски, по повод одбележувањето на Денот на општина Илинден – 2 август.

Компанијата „Белина“, која се занимава со трговија на големо со алати, земјоделска механизација, железарија, авто козметика, бои, лакови, фасади…, го одбележа и 20-годишниот јубилеј од своето постоење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП