27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook изненади со подобри резултати, акциите со нов рекорд

Facebook изненади со подобри резултати, акциите со нов рекорд

A smartphone user shows the Facebook application on his phone in Zenica, in this photo illustration

Најголемата светска социјална мрежа – „Facebook“, забележа подобри резултати од очекувањата, како последица на забрзаниот раст на мобилниот бизнис на компанијата.

Приходите во вториот квартал се зголемија за 61%, што ги надминува просечните очекувања на аналитичарите и ги испратија нејзините акции до нов историски рекорд. „Facebook“ забележа профит во износ од 791 милиони долари, наспроти 333 милиони долари од една година порано.

Без да се земат еднократните трошоци, профитот се искачи на 42 центи, што ги надминува просечните очекувања на аналитичарите за профит од 32 центи. Компанијата забележа зголемување на активноста, како од страна на рекламите, така и од страна на корисниците.

Во исто време порасна профитот од маркетинг. „Facebook“ на својата сметка има 1,5 милиони реклами кон крајот на вториот квартал. По резултатите акциите на компанијата поскапеа за речиси 5% до нов историски рекорд од 75.13 долари, па така пазарната капитализација на компанијата е во износ од 190 милијарди долари, или колку на технолошкиот гигант „IBM Corp.“.

„Компанијата може да изгледа скапо, од гледна точка на капитализација, но не сметам дека некој очекувал слични резултати“, коментира Роналд Џоузи, аналитичар во „JMP Securities“.

Оперативната маргина на компанијата се зголеми до 48% во вториот квартал во однос на 31% во истиот квартал од минатата година. Општо земено приходите изнесувале 2,91 милијарди долари во однос на просечните очекувања за 2.81 милијарди долари.

Раководството на „Facebook“ ги објави плановите за агресивно купување на компании, слично на она на компанијата за виртуелната реалност „Oculus“, купена неодамна за 2 милијарди долари.

Компанијата располага веќе со 1.32 милијарди месечни корисници, а близу 63% од нив ги користат услугите на социјалната мрежа секојдневно. Приходите од мобилни услуги на „Facebook“ се зголемиле за 151% на годишна основа, придонесувајќи за близу 62% од приходите на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП