26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен ден за придобивките од обновливите извори на енергија

Отворен ден за придобивките од обновливите извори на енергија

obnovljiva_energija

Во рамки на отворениот ден денеска во Дебар граѓаните ќе имаат можност да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку бесплатни инженерски совети и промотивни материјали.

Настанот е во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Центарот за развој на југозападниот плански регион, а е поддржан од општина Дебар.

Овој отворен ден е втор од низата отворени денови кои се одвиваат во текот на овој месец во рамки на ИРЕКо проектот.

По отворениот ден во Струга и овој во Дебар, в петок ќе се одржи отворен ден и во Охрид.

Настаните се дел од втората активност на проектот со цел промоција на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори во Југозападниот плански регион на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.

Водечки партнер на проектот е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ“ во партнерство со „Центарот за развој на југозападниот плански регион“ од Република Македонија и „Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП