23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССМ задоволен од предлог измените за пензионирање

ССМ задоволен од предлог измените за пензионирање

mitrevski ssm 2

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги поддржа предлог измените со кои на работниците им се дава право на избор дали ќе се пензионираат како досега или ќе го продолжат работниот век за една, две или три години.

Претседателот на ССМ, Живко Митревски на прес-конференција оцени дека бенефит од предложените измени на Законот за работни односи ќе имаат работниците, работодавачите и државата.

„Ќе има повеќеслојна корист за сите, односно и за работниците и за работодавачите и за државата со оглед на тоа што ќе се елиминираат повеќе празнини кои се јавуваа, пред се на работа да останат висококвалификувани кадри со кои понекогаш се соочуваа одредени работодавачи, додека за работниците измените ќе озвозможат дополнително продолжување на работниот век кај оние категории кои сметаа дека со ова ќе обезбедат дополнителна социјална и материјална егзистенција“, рече Митревски.

Ова решение, додаде Митревски, е исклучително поволно за сите и овозможува секој работник да процени кога ќе оди во пензија.

„Очекуваме во гранките како што се текстилниот и градежниот сектор работниците да го искористат своето право и побрзо да заминат во пензија, додека кај одредени гранки каде има дефицит работниците да го продолжат работниот век“, истакна Митревски.

Синдикатот е задоволен и од решението со кое се предлага на работниците кои работат со авторски договор или договор на дела да им се плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување.

Со новите измени мажите ќе можат да одлучат дали ќе одат во пензија на 64, 65, 66 или 67 години старост, додека жените ќе можат да изберат дали да одат во пензија на 62, 63, 64 или 65 годишна возраст. Работникот до 31 август во тековната година ќе треба писмено да се изјасни дали го продолжува работниот век за наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП