25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Растот на прометот во индустријата покажува дека има сериозно придвижување во...

Груевски: Растот на прометот во индустријата покажува дека има сериозно придвижување во економијата

gruevski izjavaaa

Растот на прометот во индустријата од 9,5 отсто во мај годинава во однос на истиот месец лани, како и растот од 9,9 отсто во периодот јануари-мај во споредба со истиот период од минатата година покажува дека има сериозно придвижување во економијата.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на новинарско прашање по извршувањето увид во градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип кај населеното место Средно Коњаре.

„Најголемо зголемување од 36 отсто има кај капиталните добра, но се бележи зголемување и во другите делови. Тоа е уште еден поволен макроекономски тренд кој што кажува дека земјава во овој период има одлични резултати, што значи дека имаме сериозно придвижување во економијата“, изјави Груевски.

Тоа е одлично, бидејќи, како што рече, до минатата година во Македонија сериозно се чувствуваа ефектите од европската должничка криза.

„Сега веќе може да се каже дека годинава тоа сериозно олабавува и доаѓа период на раст и не случајно во првиот квартал од годинава имаме раст од 3,9 отсто на БДП што беше и најголем раст во Европа. Последователно на тоа и прометот во индустријата е доста сериозно зголемен“, рече Груевски.

Посочи дека и во идниот период ќе продолжат политиките на стимулирање и помагање на компаниите, зашто, истакна, тие се оние кои отвораат нови работни места.

„Продолжуваме со нашите реформи и чекори кои ќе ја помагаат економијата и отворањето нови работни места“, прецизира премиерот Груевски.

Груевски: „Купи куќа – купи стан“ екстра атрактивен проект за граѓаните

Со последните промени во условите за проектот „Купи куќа – купи стан“ тој станува екстра атрактивен за граѓаните и очекувам дека значително ќе се зголеми побарувачката на овие кредити што се многу подобри од комерцијалните, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

За новите поволности за „Купи куќа – купи стан“ Собранието пред една недела усвои законски измени, со кои се изврши дополнително намалување на каматната стапка. За субвенционираниот станбен кредит од проектот намалени се каматните стапки од 4,99 проценти на 3,95 проценти за првите три години од отплатата на кредитот и од 5,5 проценти на 4,44 проценти, за четвртата и петтата година, за моделот кај кој се субвенционира дел од месечниот ануитет.

Намалувањето на каматната стапка, нагласи Груевски, дополнително ќе им помогне на граѓаните.

„Пресметката е дека ако земат стан или градат куќа во вредност од околу 50 илјади евра само ова намалување ќе направи дополнителна заштеда од околу 1.800 евра. Во однос на комерцијалните цени заштедата е некаде помеѓу две илјади до три илјади евра“, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања, при увидот на изградбата на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип.

Според Груевски, подобрените услови се сериозна помош за оние кои немаат многу средства и сакаат да дојдат до одреден износ за да уплатат стан и потоа да ги плаќаат ратите за главницата и за каматата.

„Ова ќе даде дополнителен импулс и на градежниот сектор, но што е најважно ќе помогне на многу семејства да дојдат до стан или да изградат сопствена куќа“, изјави Груевски.

Владата, потсети, и претходно во неколку наврати изврши подобрување на условите и давање пристап на поголем круг лица да можат да аплицираат. Со законски измени се овозможи добивање субвенциониран станбен кредит и за лица кои имаат во сосопственост најмногу до половина стан односно куќа стекнати по основ на наследство. Се зголеми и прагот на максималните месечни приходи, еден од условите за добивање субвенција, од 900 на 1.300 евра за лицата кои се во брачна заедница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП