9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКостадиновски и Стрезовски на состанок со оштетените земјоделци од Ресенско

Костадиновски и Стрезовски на состанок со оштетените земјоделци од Ресенско

grad222

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски направија увид на површините погодени од невремето кое се случи вчера во Ресен.

По увидoт, Костадиновски и Стрезовски сретнаа со земјоделците чии површини беа зафатени од невремето, информираат од Министерството за земјоделство.

Со цел да им се помогне на оштетените земјоделци, градоначалникот на општина Ресен формираше пет комисии за проценка на штета, чие задолжение ќе биде во најкус можен рок да извршат посета кај оштетените земјоделци и да констатираат за колкави штети станува збор.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и градоначалникот на општина Ресен утре ќе ги посетат сите места кои беа зафатени од невремето, а потоа во општината ќе одржат средба со земјоделците, со цел да им се излезе во пресрет и да се изнајдат соодветни мерки за заштита од вакви непогоди во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП