Гранковитиот синдикат на Енергетика, Рударство и Индустрија дава целосна поддршка на членовите на Синдикатот за образование, наука и култура кои штрајкуваат со глад.
Штрајкот со глад на членовите на СОНК е легитимен протест против самоволието на поединци кои како претставници на високо-образовни институции го рушат угледот на високо-образовните институции и целиот образовен систем.
Гранковиот синдикат на Енергетика, Рударство и Индустрија дава целосна поддшка на раководството на СОНК кое во знак на солидарност се приклучува кон штрајкот со глад кој го започнаа тројцата професори од штипскиот Универзитет- Маргарита Матлиевска, Александар Костадиновски и Крсте Шајноски.
Гранковиот синдикат на Енергетика, Рударство и Индустрија апелира до сите надлежни институции и поединци да се изнајде соодветно и правично решение на овој проблем со кој се соочуваат штипските професори и се урива угледот на високо-образовните институции во Република Македонија.