11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри реченици кои не треба да им ги кажете на вработените мајки

Три реченици кои не треба да им ги кажете на вработените мајки

majka so dete

Вработените мајки, а особено оние со мали деца се изложени на притисоци од сите страни. Во домот се грижат за финансиите, на работа се грижат за децата, а во „слободното време“ се обидуваат да ги балансираат потребите на едната и другата страна.

Во деловното опкружување пожелно е да се ограничат разговорите со колегите на канцелариски теми. Ако веќе имате интимни односи со лица во колективот и знаете некои приватни детали од нивниот живот, обидете се да ја потиснете потребата на другите да им ја кроите судбината, животот и начинот на размислување. Дефинитивно воздржете се од вакви непримерни коментари:

1. Зошто имаш деца, ако некој други ги одгледува?

Размислете пред него да кажете некоја глупост. Оваа изјава имплицира дека жената е лоша мајка која се впуштила во мајчинство без претходно размислување. Тоа што жените со деца работат не значи дека не им е грижа за нив.

Всушнот, веројатно работат токму поради нив, односно за да им пружат повеќе квалитетни работи. Доколку кажете ваква реченица на самохран родител, очекувајте во најмала рака караница, ако не и солзи.

„Немојте да предизвикувате грижа на совест на мајките кои се одлучиле да се вратат на работа“.

2. Понекогаш добро одморете се од децата.

Вработената мајка со деца не доаѓа во канцеларија за да се одмори од своите деца. Ја работи работата од љубов, потреба или поради парите, но никако за да одмори. Оваа изјава подразбира дека жената сте ја нарекле лоша работничка и лоша мајка.

3. Мораш ли да работиш? Жените треба да бидат дома кај своите деца.

Денеска мажите остануваат дома на породилно, а жените одат на работа затоа што имаат поголеми примања.

Децата ги чуваат тетки, вујковци, баби и дедовци. Живееме во модерни времиња и сите можности се допуштени. Немојте да предизвикувате грижа на совест на мајките кои се одлучиле да се вратат на работа. Да, децата многу им недостасуваат секоја секунда на работа. И да, мораат да работат, затоа се вратиле на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП