3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите Руси загубиле милијарди од почетокот на годината

Најбогатите Руси загубиле милијарди од почетокот на годината

moskva 2839

Деветнаесте руски милијардери загубиле 14.5 милијарди долари од почетокот на јануари, покажуваат податоците на „Bloomberg“. За тоа време 64-те милијардери од Америка стекнале 56.5 милијарди во истиот период.

Алишер Усманов, најбогатиот човек во Русија, кој го заработи своето богатство благодарејќи на челикот и железото, во текот на оваа година загубил 2.5 милијарди долари, што доведе и до пад од 13 проценти од неговото богатство кое сега се проценува на 17.7 милијарди долари.

Владимир Лисин, руски тајкун во областа на челикот, загуби 2.4 милијарди долари, скоро 17 отсто од вредноста на неговото богатство. Бизнисменот Андреј Мелниченко остана без 2.1 милијарди долари или околу 14 проценти од неговото богатство.

Руските милијардери кои сакаа да останат анонимни изјавиле за „Bloomberg“ дека повеќето елитни бизнисмени од оваа земја френетично гледаат кон Путин и дали неговата политика кон Украина ќе доведе до нови санкции.

„Дури иако санкциите не бидат заострени, руската економија најверојатно тешко ќе ја погодат најновите слабости на финансиските пазари и растечката неподготвеност на западните компании и банки да работат со Русија“, истакна Џулијан Џесоп, главниот глобален економиста на „Capital Economics“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП