15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски на увид на изградбата на автопатот Миладиновци - Штип

Груевски на увид на изградбата на автопатот Миладиновци – Штип

gruevski4222

Премиерот Никола Груевски, денеска, кај населеното место Средно Коњаре, ќе изврши увид во градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип.

Изградбата на новиот автопат почна на крајот на февруари годинава. Автопатот ќе биде долг 47 километри, а широк 29 метри, со по две коловозни ленти и една дополнителна лента за застанување. Инвестицијата изнесува 206 милиони евра, обезбедени со кредит од кинеската Ексим банка, со рок на отплата од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од 2 отсто.

Делницата ја гради кинеската компанија „Снохидро корпоратион лимитед“, која има обврска да ангажира за работа минимум 51 процент македонски државјани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП