28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеконструиран објектот на Царината на граничниот премин Богородица

Реконструиран објектот на Царината на граничниот премин Богородица

bogorodica299

На граничниот премин Богородица денеска ќе биде предаден во употреба реконструираниот објект на Царинската управа на Македонија, проект финансиран од ЕУ.

На означувањето на завршетокот на градежните работи за реконструкција на управната зграда со придружни објекти ќе присуствуваат амбасадорот Аиво Орав, шеф на Дeлегацијата на ЕУ и директорот на Царинската управа на РМ, Наташа Радеска Крстевска.

Реконструкцијата вредна 193.000 евра е реализирана во рамки на Проектот BORDER IN финансиран од ЕУ, а дел е од програмата за прекугранична со Грција. Целта е подигање на квалитетот на царинските услуги за граѓаните и компаниите, но и на безбедноста во граничниот регион.

Се оценува дека ефектите ќе бидат повеќекратни и вклучуваат побезбеден и побрз трансфер на стока и луѓе, поттикнување на билатералната соработка и на безбедноста на патниците.

ЕУ го финансираше и унапредувањето на уште два капацитети на Царината – граничните премини Табановце со 1,9 милиони евра и Ќафасан во вредност од 1,5 милини евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП