26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на туристи во Грција

Зголемен бројот на туристи во Грција

platania

Бројот на странски посетители на Грција во периодот јануари-мај годинава е зголемен за 17 проценти, надминувајќи три и пол милиони туристи, додека приходите од туризмот се зголемени за 10,6 проценти во споредба со истиот период лани, јави дописникот на МИА од Атина.

Овие податоци ги соопшти Банката на Грција, додавајќи дека бројот на туристи од ЕУ изнесувал два милиони и 69 илјади, односно за 18,7 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Посетителите од трети земји се зголемиле за 14,7 проценти на еден милион и 497 илјади, додека туристите од земјите на еврозоната се зголемиле за 12,6 проценти.

Бројот на туристи од Германија паднал за 5,8 проценти, додека посетителите од Франција и Велика Британија се зголемиле за 13,9 и 25,5 проценти.

Туристите од Русија се зголемиле за 39 проценти, а од САД за 33,4 отсто.

Приходите од туризмот од земјите-членки на ЕУ се зголемил за 14,5 проценти на 1,1 милијарди евра, додека приходите од други земји се зголемиле на 738 милиони евра, што е зголемување за 5,1 проценти во споредба со истиот период во 2013 година.

Грчкиот туристички биланс бележи суфицит од 1, 13 милијарди, што е зголемување за 6,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП