1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарскиот претседател бара прекин на изградбата на „Јужен поток“

Бугарскиот претседател бара прекин на изградбата на „Јужен поток“

bugarija_juzen_potok

Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев побара да бидат прекинати сите активности поврзани со изградбата на гасоводот „Јужен поток“, се до усогласувањето на пректот со европското законодавство, соопшти денеска прес-службата на шефот на бугарската држава.

Повод за реакцијата се написите во некои медиуми дека Бугарскиот енергетски холдинг подготвува одлука за склучување договор со „Газпром“ за земање кредит во вредност од милијарда евра за финансирање на бугарското учество во проектот „Јужен поток“, се посочува во соопштението.

Претседателот изрази чудење и изнанеденост од продолжувањето на активностите на овој проект од страна на Владата, и покрај јавно преземените обврски на 8 јуни од страна на премиерот Пламен Орешарски за привремено запирање на активностите врз него, се нагласува во соопштението.

Плевнелиев потсетува дека на 2 јуни Европската комисија соопшти оти почнала казнена постапка против Бугарија поради прекршување на правилата за функционирање на европскиот внатрешен пазар и конкуренцијата.

Непочитувањето на европското законодавство може да доведе до воведување санкции кон Бугарија, кои ќе бидат товар за секој бугарски граѓанин, се посочува во соопштението.

Плевнелиев наглсува и дека ја поддржуава реализацијата на проектот „Јужен поток“, но само и единствено со стриктно почитување на европското законодавство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП