6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозона: Јавниот долг повторно расте

Еврозона: Јавниот долг повторно расте

rast pad

По шест месеци на опаѓање, јавниот долг во еврозоната порасна од почетокот на 2014-та и достигна 93.9 отсто од „BDP“ во првиот квартал, додека на крајот на 2013-та беше 92.7 проценти.

Oд јули до декември 2013-та, долгот на еврозоната опаѓаше, прв пат од 2007-ма, пред почетокот на финансиската криза, податоци кои неодамна ги објави европскиот статистички завод „Eurostat“.

Според „Eurostat“, јавниот долг во првиот квартал од 2014-та порасна на 9.055,5 милијарди евра.

Грција има најголем долг (174,1 отсто), ја следат Италија (135,6 проценти) и Португалија (132,9 отсто). Естонија (10,0 проценти) и Луксембург (22,8 отсто) имаат најмал јавен долг.

Деветнаесет држави членки забележаа раст на долгот, шест пад, додека долгот на Естонија остана на исто ниво. Најголем пораст е забележан во Словенија (7,0 процентни поени) во однос на претходниот квартал, Унгарија (5,0 поени) и Белгија и Португалија со по 3,9 поени.

Најголем пад на јавниот долг имале Полска (-7,6 процентни поени), Германија (-1,1) и Грција (-1,0 поени).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП