12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРуските милијардери го донираат богатството: Давањето пари е забавно

Руските милијардери го донираат богатството: Давањето пари е забавно

potja1

Рускиот милијардер Владимир Потањин и Украинецот Виктор Пинчук половина од своето богатство ќе го дадат во хуманитарни цели.

Со тоа тие ќе станат први тајкуни од земјите на поранешниот Советски сојуз, кои ќе се придружат на идејата – најбогатите луѓе на светот да го поделат своето богатство, пренесува АФП.

Рускиот индустриски магнат Потањин (52) и украински металски и медиумски тајкун Пинчук (52) изјавија дека ќе се придружат на проектот наречен „The Giving Pledge“, кој е покренат во 2010 година, а го водат Бил и Мелинда Гејтс како и Ворен Бафет, познатиот инвеститор.

Целта на проектот е да се охрабат богатите луѓе да подарат пари во хуманитарни цели.

Потањин и Пинчук истакнаа дека се надеваат дека со својот гест ќе ги инспирираат и други да се придружат и да го поделат своето богатство.

„Давањето на пари во добротворни цели не е помалку забавно од заработувањето на пари“, рече Пинчук.

Тие се наоѓаат меѓу 12-те најбогати луѓе во светот, кои се придружија во овој проект, а вкупниот број порасна на 105 луѓе, меѓу нив се и индијскиот тајкун Азим Премџи и Британецот Ричард Бренсон.

Потањин и Пунчик не изјавија колку пари ќе издвојат за хуманитарни цели, а руското издание на магазинот „Форбс“, пороцени дека Потањин е четврт Русин според богатството кое се проценува на 14, 5 милијарди долари.

Истиот магазин за Украина наведе дека богатството на Пинчук изнесува 3,7 милијарди долари и дека тој е втор Украинец според богатството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП