16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 90 геодети ќе продолжат со работа со старите лиценци

Над 90 геодети ќе продолжат со работа со старите лиценци

geodeti

Геодетите кои се стекнале со лиценци меѓу 2005 и 2008 година, а имаат работно искуство над десет години нема да мораат да ги обновуваат лиценците за работа во периодот 2015-2018 година ниту пак да го дозаокружат своето образование. Тие до пензионирање ќе можат да работат со веќе добиените лиценци.

Ова го предвидува амандманот на измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, што денеска беше прифатен на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во членот 65 од измените и дополнувањата, кој предвидува геодетите да ги продолжат лиценците во периодот од 2015 до 2018 година, се додава став 3 со кој практично се предвидува изземање на 91 геодет од над 200 во државата.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ објасни дека со нивниот амандман овие лица повторно ќе имаат право да работат до нивното пензионирање иако немаат високо образование.

Претходно Роза Топузовска Каревска од ЛДП побара членот 65 да се избрише, но потоа го повлече амандманот и го поддржа решението предложено од нејзините колеги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП