21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина презема мерки за намалување на цената на лебот и млекото

Атина презема мерки за намалување на цената на лебот и млекото

leb mleko299

Грчкото Министерство за развој ќе спроведе мерки за намалување на цената на лебот и млекото, како одговор на неодамна донесениот закон кој не се спроведува толку ефикасно како што се очекуваше.

Заменик-министерот за развој Герасимос Јакуматос соопшти дека од денеска ќе се спроведуваат инспекции за да се утврди дали се спроведува регулативата за задолжително мерење на векните леб, а прекршителите ќе бидат казнувани.

Со важечкиот закон, како што јави дописникот на МИА од Атина, се предвидува задолжително мерење на векните леб во присуство на купувачот, а цената за килограм леб и други пекарски производи ќе мора да биде видливо изложена.

Во меѓувреме почнаа преговори меѓу заменик-министерот и претставници на сточарите, млечната индустрија и на ланците супермаркети со цел да се постигне договор за намалување на цената на млекото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП