25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата стабилна по продолжувањето на преговорите со Иран

Цената на нафтата стабилна по продолжувањето на преговорите со Иран

nafta 93939

Цената на суровата нафта на лондонскиот пазар се задржа денеска околу 107 долари за барел, откако светските сили ги продолжија преговорите со Иран, отворајќи можност за договор и натамошна продажба на иранска нафта.

Цената за барел во Лондон се намали за 25 центи или на 106,99 долари, а на американскиот пазар за 20 центи или на 102,93 долари.

Иран и шестте светски сили не успеаа до 20-ти јули да постигнат договор околу нуклеарните активности на Техеран, но имаат надеж за постигнување на евентуален договор за продолжување на преговорите за повеќе од четири месеци.

Пазарите исто така ја следат геополитичката криза меѓу Москва и Западот, по соборувањето на малезискиот авион во Украина.

Вложувачите се подготвени да вклучат поголеми премии за ризик во цената на нафтата, бидејќи ризикот од прекинување на дотурот од Русија засега е ограничен, истакнуваат аналитичарите

„Негледам дека ескалацијата на напнатоста во Русија води до пореметување во дотурот на нафта или плин“, вели Ханс ван Клиф, економист од „ABN Amro“ во Амстердам.

Организацијата на земји извозници на нафта објавија во меѓувреме на своите интернет страни дека цената на барелот на неговата референтна кошница на нејзината нафта во петокот изнесуваше 105,54 долари, што значи дека била 50 поголема од еден ден претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП