27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХрана која треба да се избегне пред да се замине на плажа...

Храна која треба да се избегне пред да се замине на плажа

plaza pijaloci hrana

Доколку сте подготвени за заминување на годишен одмор и планирате да го поминете на плажа, еве неколку намирници кои треба да ги избегнувате ако сакате да немате проблеми со варењето.

Газирани пијалоци.

Пред заминување на плажа избегнете ги апсолутно сите газирани пијалоци, затоа што тие сигурно ќе предизвикаат надуеност.

Солена храна.

Иако немора да значи дека ќе предизвика надуеност во стомакот, солената храна предизвикува задржување на течностите во организмот. Затоа одберете храна која има што помалку натриум во себе.

Зеленчук од семејството зелка.

Иако, кељот, зелката и брокулите се одлични намирници за слабеење, не е препорачливо да ги земате пред заминување на плажа, затоа што предизвикуваат надуеност.

Гума за џвакање.

Звучи навистина безопасно, но гумата за џвакање може навистина да предизвика надуеност и тоа затоа што со џавакањето ќе се наголтате големо количество на воздух.

Слатки пијалоци.

Доколку сте љубители на слатки пијалоци и коктели на плажа, размислете уште еднаш: меѓу природниот шеќер и вештачките засладувачи кои се наоѓаат во сите пијалоци, високото ниво на фруктоза може да предизвика надуеност.

Млечни производи.

Ако имате било каква форма на интолеранција на лактоза, тогаш избегнувајте ги млечните производи пред заминувањето на плажа. Тие предизвикуваат надуеност и бројни други тегоби во стомакот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП