24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботната недела во Грција не покажува значајни резултати

Работната недела во Грција не покажува значајни резултати

Shopping in a 'one euro' store in Athens, Greece.

Во Грција вчера беше работен ден за продавниците, една од седумте работни недели во годината, и покрај малиот промет и 24-часовниот штрајк на вработените.

Според закон од минатата година, продавниците во Грција мора да бидат отворени седум недели во годината.

Според друг пропис, продавниците треба да бидат отворени сите недели во годината во одредени области на Грција, како што се популарни туристички дестинации, што засега е тест програма која ќе се проценува за можна примена во целата земја.

Трговската асоцијација на Атина остана на својот став продавниците да бидат отворени само седум недели годишно, одбивајќи да го примени другиот пропис.

Вработените во атинските продавници штрајкуваа минатата недела.

Во меѓувреме, летната распродажба почна минатиот понеделник на 14 јули, и ќе трае до 30 август.

Вработените во продавниците во Солун и другите грчки градови вчера штрајкуваа против работната недела, додека во Атина не е регистриран значителен пораст на бројот на купувачи, соопшти Националната конфедерација на грчките комори (ЕСЕЕ).

Според студија што ја спровела ЕСЕЕ, седумте работни недели, од ноември 2013 до јули 2014 година, не придонеле за зголемен промет, можности за работа или за зголемување на платите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП